(ВИДЕО) Шокантни снимки од судирот на полицијата и демонстранти пред грчкиот парламент
Објавено во: Балкан 21 Јануари, 2019
Тензиите ескалираа за време на протестите во центарот на Атина, каде што се одржа протест против Преспанскиот договор. Има повредени полицајци.
Органите на редот користеа солзавец додека демонстрантите се обидоа да се искачат по скалите на Парламентот на десната страна и нападнаа. Демонстрантите истуриле бои врз полицијата и користеле факели и чад, пренесуваат медиуми од Грција.
Плоштадот Синтагма вчера беше преплавен од демонстранти.
На социјалните мрежи има клипови кои прикажуваат дека полицијата буквално се борела со демонстрантите на скалите на парламентот. Постојат претпоставки дека најагресивните престапници не се демонстранти, туку екстремни левичари или анархисти. Тие фрлаа по униформираните лица со предмети.
Група маскирани лица со грчки знамиња, најверојатно припаѓаат на екстремно десничарските групи кои се обиделе да го пробијат полицискиот кордон кај Споменикот на незнајниот јунак пред грчкиот парламент. Тие фрлале шишиња и други предмети, како и маслени бои врз полицајците кои одговориле со шок бомби и солзавец објавија и нашите медиуми. Хотел.