(ВИДЕО) Шокантно видео кое покажува како комода од ИКЕА смртно здроби дете
Објавено во: Свет 21 Ноември, 2017
Серија шокантни видеа се појавија откако ИКЕА одлучи да повлече комоди кои беа причина за смртност на три деца во САД за две години.
Снимките покажуваат дека комодата ако не е добро прицврстена за ѕидот може да здроби дете.
За да се покаже какви последици има, употребена е кукла налик на дете кое би се качило да дофати нешто на врвот.
Мајката на две годишното дете кое почина, Курена Коласа вели дека не знаела дека мора да се прицврсти комодата за ѕид.
Во 2014 година детето го поклопила комода со шест фиоки.
„Никаде не го видов, па почнав да ги превртувам работите. Тогаш ја видов неговата глава меѓу комодата и креветот“- вели мајката.
По четири месеци настрада уште едно дете. И оваа година почина на ист начин уште едно дете.