(ВИДЕО) Што порача Путин по убедливата победа?
Објавено во: Свет 18 Март, 2018
Рускиот претседател Владимир Путин кој денеска на претседателските избори имаше убедлива победа и доби нов мандат изјави дека победата е резултат на неговата работа и довербата на граѓаните.
Вети дека ќе работи за развој на земјата и зачување на единството.
Путин рече дека ќе работи напорно, и одговорно за да имаат подобри резултати.
Тој додаде дека е важно единството и дека е добро да ги придобие и оние кои гласале против него.