(ВИДЕО) СИЛЕН ТАЈФУН СЕ БЛИЖИ ДО ЈАПОНИЈА: Евакуирани милиони, има жртви, ветер корне кровови
Објавено во: Свет 12 Октомври, 2019
Еден човек настрадал, а повеќе од еден милион жители на Јапонија се советувани да ги напуштат своите домови поради моќниот тајфун што ќе ја погоди оваа островска земја денес.
Загинатиот настрадал кога неговиот автомобил се превртел во источниот дел на Токио, додека четворица се повредени кога силниот ветер издувал покриви од домовите, пренесува Ројтерс.
Наводно, околу 30.000 домови се веќе уништени или оштетени, а 16.000 домаќинства останале без електрична енергија.
Продавниците и фабриките се затворени, железничкиот сообраќај е прекинат и повеќе од 1.600 авионски летови се откажани.