29 Март, 2024
0.0266

(ВИДЕО) СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС НА ФИЛИПИНИТЕ: Загина дете откако врз него се урнал ѕид

Објавено во: Свет 15 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Едно девојче загина во земјотресот на Филипините. 

Шестгодишното девојче загинало откако врз него се урнал ѕид во текот на силниот земјотрес што денеска ги погоди Филипини. Информацијата ја соопшти градоначалникот на градот Матанао, град на југот од земјата.

При потресот се урнала една трикатна зграда во градот, а луѓето во паника истрачувале од продавнци, куќи и други објекти, соопштија локалните власти

Во урнатата зграда се наоѓале една продавница и спасувачите проверуваат дали во неа има жртви или заробени лица под урнатините.

Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека потресот со јачина од 6,9 степени го погодил подрачјето на околу шест километри северозападно од градот Падада, на длабочина од 30 километри, во провинцијата Давао дел Сур. 

Некои градови останаа без електрична енергија, а локалните власти во градовите Даваоу и Котабату, во кои земјотресот силно се почуствувал, одлучиле утре децата да не одат на училиште, додека надлежните служби не ја проверат стабилноста на школските згради.

Регионот Давао во последните месеци го погодија неколку земјотреси во кои имаше загинати и повредени, а уништени се домови, хотели, трговски центри и болници.

Во нашиот регион денеска повеќе потреси имаше во Албанија. 


Можеби ќе ве интересира

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест