(ВИДЕО) Симулирање двоглав орел предизвика инцидент на аеродром во Подгорица
Објавено во: Балкан 02 Март, 2019
Симулирање на двоглав орел на аеродромот во Подгорица доведе до инцидент.
Работник на обезбедувањето на аеродромот во Подгорица, реагираше по симулацијата со раце на двоглавиот орел на еден патник од албанска националност по слетувањето на аеродромот во Подгорица, Црна Гора.
Видеото е снимено од мобилен телефон, од пријателка која го чекала Албанецот на аеродромот. Тој веднаш откако излегол од вратата покажал двоглав орел, а обезбедувањето веднаш му го покажало патот кон излезот.
,,Нема тоа овде“, му рече обезбедувачот,
,,Има, има“, се побуни Албанецот, а кон кавгата се приклучија и неговите пријатели кои го чекаа на аеродромот.
,,Ништо не те прашавме“, му рекоа пријателите на обезбедувањето.
,,Ова е моја земја“, рече Албанецот, а обезбедувањето на тоа одговори ,,Јас сум роден тука,, и ги упати кон излезот.