(ВИДЕО) Сириското воено воздухопловство бомбардираше турски воен конвој
Објавено во: Свет 19 Август, 2019
Сирија бомбардираше турски оклопни возила.
Нема информации за жртви.
Сириското воено воздухопловство бомбардирало воен конвој на Турција во провинцијата Идлиб.
Дамаск го осуди испраќањето турски воен конвој на југот на провинцијата, еден ден по влегувањето на сириските воени сили во клучниот град на таа провинција Хан Шејкун.
„Турски возила натоварени со муниција се движат кон Хан Шејкун за да им помогнат на терористите, што е уште еден доказ дека турскиот режим им дава поддршка на терористичките групи“, соопштиле извори од сириската влада за агенцијата Сана.
Сириската опсерваторија за човекови права извести дека сириски и руски сили извршиле напади во близина на конвојот за да ги спречат турските сили да го продолжат патот.
Во Идлиб и околните области живеат околу три милиони цивили, а територијата e под контролира на бунтовниците.
#ACİL: Esed rejimi İdlib güneyine ilerleyen TSK konvoyunu direk hedef aldı. pic.twitter.com/WsJ4Ao7BTj
— Levent Kemal (@leventkemaI) August 19, 2019