(ВИДЕО) Скоро 50 милиони луѓе во две земји се без струја
Објавено во: Свет 16 Јуни, 2019
Околу 48 милиони луѓе во Аргентина и Уругвај останале без електрична енергија.
Веста ја објавија медиумите во Аргентина.
Поради пад на електричната мрежа утрово во Аргентина и Уругвај, без струја останаа и делови од Бразил и Парагвај. Големиот дефект резултираше со застој во железничкиот сообраќај, а во поголемите градови настанал вистински сообраќаен хаос со оглед на тоа што сите семафори и метро станици престанале да работат.
Засега нема официјални информации што доведе до тоа 48 милиони луѓе во Аргентина и Уругвај да бидат во мрак.
Во Аргентина нема струја во повеќето од поголемите покраини, вклучувајќи го и главниот град Буенос Аирес. Во оваа земја денес се одржуваат локални избори.