(ВИДЕО) СНЕГ И ВО СРБИЈА: Нестабилно време до петок а потоа лето
Објавено во: Балкан 15 Мај, 2019
Пониските температури
на воздухот доведоа до врнежи од снег и на повисоките делови од соседна Србија.
Ноќеска на реоните Златиборец, Сјенци и
Копаоник веело снег.
Секторот за вонредни ситуации на Србија ја извести јавноста дека Службите се ангажирани и подготвени за дејствување доколку е потребно.
Директорот на републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија, Југослав Николич изјави дека врнежите од дожд ќе продолжат до петок, и затоа службите мора да бидат на готовс, посебно по течението на реката Сава каде се можни излевања. Додека за време на претстојниот викенд според синоптичарите се очекува стабилизирање на времето и температури до 26 степен.
Видео Vecernje novosti
Фото Profimedia