(ВИДЕО) Снежна бура однесе три животи
Објавено во: Балкан 26 Декември, 2018
Снежна бура ја зафати Турција, при што три лица загинаа во сообраќајни несреќи.
Дополнително 55 луѓе се повредени во две автобуски несреќи во централна Турција и Анкара, објавија турските медиуми.
Три лица, меѓу кои има и едно дете, загинаа во сообраќајна несреќа што се случи во провинцијата Киршехир, југоисточно од главниот турски град.
Според агенцијата „Анадолија“, во првата несреќа што се случила во близина на Анкара се превртел патнички автобус и, според првичните информации, во несреќата се повредени најмалку 20 лица.
Обилните врнежи од снег и студеното време низ цела Турција доведоа и до затворање на училиштата. Властите во 24 турски области, главно во централна Турција, соопштија дека училиштата ќе бидат затворени. Училиштата се затворени и во главниот град Анкара поради обилните снежни врнежи преку ноќта.