(ВИДЕО) СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ГО ПОГОДИ КОТОР: Паѓал град колку лешник
Објавено во: Балкан 19 Јануари, 2019
Снежно невреме, проследено со дожд и град голем колку лешници го погоди Котор.
За многу кратко време градот ја забелел скоро цела општина, пренесуваат медиуми од регионот.
Силни врнежи паѓале ширум Црна Гора, додека на север преовладувал снег.
Слично време се очекува и во сабота, а интензивни врнежи се очекуваат кон крајот на денот и во текот на ноќта.