(ВИДЕО) СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО АВСТРАЛИЈА: Загина жена, нема струја, патиштата се завеани
Објавено во: Свет 12 Август, 2019
Австралија се соочува со невидено снежно невреме и ниски температури.
Возачите во австралиските држави Викторија и Нов Јужен Велс се предупредени да не патуваат ако не мораат поради големите снежни наноси.
Силните ветришта дувале со брзина до 120 километри на час и ги опустошија државите од јужниот дел на Австралија. Се случија несреќи, но и прекини на електрична енергија. Овој бран се пресели во Квинсленд вчера. На некои места има најголеми врнежи од дожд во последните две децении, објави Квинсленд Кантри Лајф.