(ВИДЕО) Соборени авиони на Азербејџан, соопштија ерменските власти
Објавено во: Свет 01 Октомври, 2020
Соборени три авиони и еден хеликоптер на Азербејџан, тврдат ерманските власти.
„Погодени се уште два авиона. Тоа значи дека се соборени три непријателски авиони денеска. Покрај тоа, два хеликоптери и шест беспилотни летала беа уништени за половина ден”, напиша портпаролот на ерменското Министерство за одбрана Артсрун Ованисјан на својот Фејсбук профил.
Ерменското Министерство за одбрана обајви дека се соборени три азербејџански хеликоптери, 15 возила се уништени, како и најмалку еден ракетен систем „Смерч“, а шест беспилотни летала се соборени.
Министерството претходно објави дека е погоден авион на азербејџанското воено воздухопловство, кој се урнал на територијата на Иран.
Турција одговори на повиците од Русија, САД и Франција за итен прекин на огнот меѓу воените сили на Азербејџан и етничките Ерменци околу Нагорно-Карабах, велејќи дека трите земји не треба да играат никаква улога во мировните напори.
Франција прави се што може за што побрзо да ги врати во земјата двајцата новинари на весникот „Ле Монд“, ранети во гранатирањето извршено од азербејџанските сили во Нагорно Карабах.
Петти ден има борби во Кавказ.