29 Март, 2024
0.0240

(ВИДЕО) СОЛЗАВЕЦ ВО КОСОВСКОТО СОБРАНИЕ: Која е „жешката“ тема и кој се го осуди инцидентот?

Објавено во: Балкан 21 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Солзавец денеска е фрлен во косовското Собрание. 

Пратениците на движењето Самоопределување Фиторе Пацоли и Џелал Цвеќла активираа солзавец на седница. 

Со тоа го спречија почетокот на гласањето за нацрт-законот за ратификување на договорот за демаркација со Црна Гора, пренесува РТС.


Спречен е обидот на владејачките партии да гласаат за договорот што е услов на Европската Унија за косовските граѓани да добијат визна либерализација.

Седницата е прекината додека не се исполнат условите за нејзино продолжување.

Ова е четврти обид на косовското Собрание да го ратификува договорот за демаркација со Црна Гора.

За изгласување се потребни две третини од гласовите на пратениците, или 80, од вкупно 120 пратеници.

Евокомесарот за проширување Јоханес Хан, остро го осуди фрлањето солзавец во салата на косовското Собрание, од страна на пратеници на Движењето Самоопределување.

Силно ја осудувам употребата на солзавец. Ваквото однесување не е својствено на една земја во демократија. 

„На овој значаен ден, косовските лидери треба да бидат одговорни и да го изгласаат договорoт за демаркација. Нивните граѓани единствено може да профитираат од овој чекор кон визната либерализација“- изјави Хан.

Претходно, реагираше евроамбасадорката Наталја Апостолова, која  е вчудовидена од опасните тактики на Самоопределување.

„Вознемрена сум од солзавецот во Парламентот! Шокирана што пратеници од еден Парламент во Европа применуваат опасни тактики, кои Косово го враќаат назад“ - рече Апостолова.

Таа по прекинот на седницата имаше средба со лидерот на Самоопределување, Албин Курти.

Реагираше и американскиот амбасадор Грег Делави, кој рече дека во Косово нема место за насилство и додаде оти е оптимист дека  денеска ќе биде изгласана демаркацијата.


Можеби ќе ве интересира

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?