(Видео) Стотици Словенци „се трезнеа“ в море по Нова година
Објавено во: Балкан 01 Јануари, 2019
Во Порторож денеска по 15-ти пат се организираше натпревар во издрживост во студената вода на Јадранското море, а рекорден број на учесници се пријавија како најхрабри по повод првиот ден од новата година.
Инаку оваа манифестација потсетува традицијата која трае во некои европски земји воведена на крајот од 80-тите години од минатиот век, кога во Северното море на ваков начин започнало трезнењето од пијаните празнични ноќи.
Скокањето во морето започна од централната плажа во Порторож, а спасувачите мораа да враќаат во живот еден од учесниците.
Во овој настан може да учествува секој, а се пријавуваат и деца и 80-годишници. Сепак, мора да се следат одредени инструкции - подготовката и загревањето треба да биде соодветно и, пред сè, не треба да се брза.