(ВИДЕО) Странец во видео на Јутјуб ги опишува балканските земји
Објавено во: Балкан 30 Мај, 2019
На Јутјуб каналот „Географија сега“ странец ги опишува сите балкански земји.
За Албанија се наведува дека е земја која не се вклопува со другите, а е наведено и дека се мразат Србите и Албанците. За БиХ е објаснето како настанала по распадот на СФРЈ.
Хрватите ги опишуваат како среќна нација, а Бугарија е земја на ружи.
Косово го нарекоа „дивото момче“, а Црна Гора ја нарекоа земја на спијачи, дури има и натпревар за мрзливост.
За Македонија го спомнаа спорот за името кој е решен, ниските цени, поради кои доаѓаат луѓето овде.
Србија ја нарекоа земја која сите ја мразат и од која почнале сите „лудости“ мислејќи на војни.