(ВИДЕО) СТРАОТНА НЕСРЕЌА ВО АНКАРА: Воз излетал од шините-има мртви и многу повредени
Објавено во: Балкан 13 Декември, 2018
Најмалку седум луѓе загинале, а 46 се повредени во тешката железничка несреќа во главниот град на Турција, Анкара.
Според податоците од тамошните медиуми, брз воз удрил рано утринава во локомотива на железничката станица во Анкара после судирот со локален воз.
На првите фотографии од местото на несреќата се гледа тешко оштетен воз на патот Анкара-Конва.
Локалните служби на итната помош, пожарникари, и национални медицински спасувачки тимови се упатени на местото на инцидентот , кој се случи околу 6.40 часот.
Инцидентот се случил на Марсандиз, а дел од надвозникот паднал на вагоните.
Во Турција се чести железнички несреќи со смртоносен исход. Во јули загинале 24 кога воз излетал од шини.
Најтешката несреќа во земјата се случи во 2004 година кога 139 луѓе загинале, а 57 се повредени кога брз воз сообраќај од Истанбул во Анкара и излетал од шините.