(ВИДЕО) Страотни поплави однесоа во смрт над 150 луѓе во Шри Ланка
Објавено во: Свет 29 Ноември, 2025 17:56
Најмалку 153 луѓе загинаа во поплавите и свлечиштата предизвикани од циклонот Дитва во Шри Ланка, додека 191 лице се води за исчезнато. Над половина милион жители се во опасност, објавија денеска локалните власти.
Како што објави Центарот за управување со катастрофи, околу 78.000 луѓе се преместени во речиси 800 прифатни центри, најчесто сместени во училишта.
Илјадници полицајци, маринци и војници доставуваат храна до погодените, ги чистат патиштата и ги преместуваат ранливите семејства на безбедни локации.
Во градчето Малвана, лоцирано на околу 20 километри од Коломбо, 554 жители беа најтешко погодени од најлошата поплава во последните десет години. Повеќето од нив останаа без своите домови. И за викендот ќе врне.
И во 2016 година во државата имаше разорни поплави. И во 2010 година исто имаше слична катастрофа.
foto EPA/CHAMILA KARUNARATHNE* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката
Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија
(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?
Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат
Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа
РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“
(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија
Неверојатно: Пензионер остана без пари поради грешка стара 11 години
Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев





