(ВИДЕО) Свлечиште уби луѓе, најмладата жртва има три години
Објавено во: Балкан 11 Ноември, 2018
Свлечиште создаде огромни штети и уби луѓе во Бразил.
Има најмалку 10 загинати и најмалку 11 повредени во големото свлечиште во Бразил, што настана по силните дождови. Меѓу жртвите има и едно тригодишно дете.
Силните дождови што го зафатија регионот во близина на Рио де Женеиро предизвикаа свлечиште. Спасувачите јавуваат дека се повредени уште 11 жители на местото Нитероја, во близина на Рио де Женеиро. Во тек е извлекување на преживеаните и потрага по исчезнатите жители. Се стравува дека бројот на загинати би можел да се зголеми.