(ВИДЕО) ТАЈФУН ВО КИНА: Настрадаа 13 лица, а милион луѓе ги напуштија домовите
Објавено во: Свет 10 Август, 2019
Кина e на удар на силен тајфун, има ветер со брзина од 187 км/час, откажани стотици летови, а населението е евакуирано.
Најмалку 13 луѓе настрадаа, а 16 исчезнаа во свлечиште по налетот на тајфунот „Лекима“ на истокот од Кина. Евакуирани се милион луѓе и откажани се повеќе стотици летови.
Од Шангај се евакуирани повеќе од 250.000 луѓе, а од провинцијата Џејијанг 800.000. Околу 2,72 милиони домаќинства во оваа провинција се без струја затоа што ветерот ги урна далекуводите.
Бурата се движи кон северозапад и постепено слабее.