(ВИДЕО) Талат Џафери влезе во Собрание на своето работно место
Објавено во: Македонија 01 Мај, 2017
Собранието ги отвори вратите прв пат по настаните на 27 април, oбјави ТВ21. Првиот работен ден на Талат Џафери на новата функција, претседател на Собранието. Тој денеска изјави дека многу брзо планира да го стави Собранието во функција.
„Се надевам дека ситуацијата ќе се врати во нормала, а повредените пратеници што побрзо ќе се вратат дома и на работните места“- рече Џафери и додаде дека се чувствува безбеден.
Вели дека ќе биде претседател на сите пратеници и ќе работи за интересите на сите граѓани на Република Македонија.