(ВИДЕО) Талибанците ги „погребаа“ НАТО и САД, носеа ковчези со нивните знамиња
Објавено во: Свет 01 Септември, 2021
Талибанците одржале лажен погреб на САД и НАТО.
Приврзаниците на Taлибанците вчера во источниот град Кост одржале лажен погреб, во текот на кој носеле импровизирани сандаци прекриени со знамињата на САД, Франција, Велика Британија и НАТО. Дел од присутните држеле пиштоли насочени кон воздухот.
Службеникот на Талибанците, Кари Саид Хости, за локалната телевизиска станица изјавил дека 31-ви август е нивниот официјален „Ден на слободата“.
САД на 30-ти август пред полноќ завршиле со евакуацијата на цивилите од главниот град Кабул и го завршиле повлекувањето од Авганистан.
Судири меѓу Фронтот за национален отпор (НРФ) и талибанските милитанти беснеат во различни региони на провинциите Панџшир, Парван и Баглан, објави денеска новинската агенција Асвака.