(ВИДЕО) ТАПАНИ ЗА МОРИНА: Во Косово дочекан како херој
Објавено во: Македонија 15 Август, 2019
Томор Морина од Македонија, денеска се врати во Косово по одлуката на Врховниот суд кој одлучи дека нема основа да и биде испорачан на Србија, која по него издаден меѓународна потерница.
Морина, како што пренесоа медиумите од Приштина, во родната Ѓаковица е дочекан како херој.
Со тарабуки и тапани, Морина е пречена од голем број луѓе, а го придружувале претставници на косовската амбасада од Скопје, семејството и пријателите>
Да потсетиме дека судот во Македонија ја потврди одлуката на Кривичниот суд дека не се исполнети условите за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК Томор Морина на Србија.