(ВИДЕО) Таравари: Имаме понуди да се доизградат болниците во Штип и Кичево, а потоа да ги плаќаме
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2024
Арбен Таравари, министер за здравство и еден од челниците на Влен во поткастот „Бизнис Муабети“ рече дека Владата разгледува понуди од оператори од земји како Франција и Британија прво да ги доизградат болниците во штип и Кичево, а потоа да започне плаќањето.
- Имаме заинтересирани страни кои сакат да влезат да изградат. Овие две болници треба да ги започнеме идната година. Ја чекаме понудата од заинтересирани компании, Имаме владина одлука јас како министер да им дозволам да влезат иницијативно. Имаме заинтересирани страни од топ европски држави како Франција и Британија . Тоа би било така што тие треба да ги изградат болниците и ако сме задоволни, да продолжиме со нив за изградба на Клиничкиот центар. Ако сме задоволни од изградбата, ,државата да ги плати со кредит откако ќе бидат изградени со клуч на рака, рече Таравари.
За Клиничкиот центар тој рече дека не треба да се брза со инвестицијата, бидејќи можно е да нема доволно пари за така голема капитална инвестиција и потоа да настанат должничко-доверителски проблеми.