(ВИДЕО) ТЕНЗИИ: Пратеник истакна албанско знаме во српското Собрание, Дачиќ му реагираше

Објавено во: Балкан 27 Ноември, 2020
Пратеник истакна албанско знаме во Собранието на Србија.
При второто редовно заседавање на српското Собрание пратеникот на Обединетата долина – СДА Санџак, Шаип Камбери истакна српско и албанско знаменце покрај неговиот микрофон. Камбери ги налути присутните пратеници.
Тој рече дека ги бара истите права за Србите во Грачаница, кои можат да постават српско знаме, а Албанците да можат да го користат албанското знаме во градовите Прешево и Бујановац.
Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, реагираше и побара од Камбери да го тргне знамето.
„Немаме, немаме толеранција за кршење на деловникот, ве замолувам да го тргнете знамето“, вели Дачиќ.
Камбери рече дека ова е цензура, но го тргна знамето. Премиерката Ана Брнабиќ, рече дека Камбери наместо за проблемите на граѓаните дискутира за знамето на Албанија.Овој инцидент создаде тензии.
Можеби ќе ве интересира
ОД ДЕНЕСКА НЕМА ВАКЦИНИРАЊЕ БЕЗ ЗАКАЖАН ТЕРМИН - српската Влада ги повикува граѓаните прво да се регистрираат

Се дозна по чии налог бил прислушуван Вучиќ и каде завршувале транскриптите - еве што кажа раководителот на Управата

Грција регистрира позитивни случаи на новиот сој на граничните премини

БЕШЕ СЕРИОЗНО: Воспаление на целиот абдомен, белите дробови.... - Чеда Јовановиќ прв пат во јавноста по излегувањето од болница

Од коронавирусот почина српскиот началник за вонредни ситуации
