(ВИДЕО) ТЕНЗИИ ВО ШПАНИЈА: Луѓе се тепаа во Барселона, летаа столици
Објавено во: Свет 12 Октомври, 2017
Две помали групи на демонстранти денеска се тепаа во Барселона.
Луѓето едни на други фрлале столици, додека не интервенирала полицијата.
Не се знае која е причината за насилството, ниту кој се учествувал.
Се наведува дека имало протест на граѓанско здружение кое е против отцепување на Каталонија од Шпанија.
Околу 200 ултрадесничари и претставници на шпански националистички организации одржаа протести на ридот Монтџуик и го запалија знамето на Каталонците.