(ВИДЕО) ТЕПАЧКА ВО КУМАНОВО: Момче истепа девојка, па доби ќотек од друго лице
Објавено во: Македонија 21 Јули, 2021
Кумановец вознемируваше и удри девојка, па што доби ќотек од друго лице.
На социјалните мрежи се појави видео, на кое може да се види како момче задева девојка. Подоцна, истото момче добива ќотек од друго момче.
„Прво се силеше на девојче, после 5 минути си го доби и почна да плаче за помош“, стои во описот на видеото.
Настанот се случил во Куманово, зад Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Видеото можете да го видите овде.Досега имаше повеќе видеа кои беа објавени на социјалните мрежи, при што беа тепани девојки, или пак малолетнички се тепаа меѓу себе.