(ВИДЕО) Тинејџер се фрли пред камион во движење
Објавено во: Свет 22 Мај, 2018
Маж од Саудиска Арабија стана хит на социјалните мрежи откако е снимен како скока пред камион, а неколку часа подоцна е уапсен, поради загрозувањето на сопствениот и животот на другите учесници во сообраќајот.
Тој стоеше над шофершајната на автомобил кој беше паркиран на сред улица, а потоа скокнал пред камион. Шоферот на камионот сепак успеа да го заобиколи.
Тој не се здобил со повреди, но е уапсен.
Од полицијата е соопштено дека станува збор за тинејџер кој си го загрозил својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот. Поради таа постапка, тинејџерот го очекуваат санкции.