(ВИДЕО) ТЛОТО ВО АЛБАНИЈА НЕ МИРУВА: Нови земјотреси по најсилниот од утринава
Објавено во: Балкан 26 Ноември, 2019
Драч е местото во соседна Албанија каде што има најмногу земјотреси регистрани утринава.
По разорниот потрес кој ја разбуди и половина Македонија токму таму се забележани неколку последователни земјотреси.
Сеизмолошките служби го регистрираат секое поместување на земјата а последниот кој ние го видовме е во 8 часот и 12 минути и бил со магнитуда од 4 степени.
Албанија веќе ги брои штетите и жртвите. Последните информации се дека има четворица загинати, а полицијата го пребарува теренот со полициски кучиња.
Урнати се многу згради, куќи но и хотели.
(ВИДЕО-ФОТО) СЛИКИ НА УЖАСОТ: Четворица мртви по моќниот земјотрес во Албанија-потрага по жртви со кучиња