23 Април, 2024
0.0262

(ВИДЕО) Тлото во Албанија не престана да се тресе: Епицентарот на земјотресот во Јадранското море

Објавено во: Балкан 22 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Тлото на Албанија не престана да се тресе. Во трите земјотеси кои вчера ја погодија земјата има повредени десетици граѓани. Оштетени се згради и други објекти, а некои а во некои делови од земјата немаше ниту струја по земјотресот.

Седум минути по полноќ, уште еден, четврт по ред земјотрес ја погоди Албанија.

Земјотресот бил со епицентар на 30 километри од Тирана и со магнитуда од 4.9 степени по Рихтер, на длабочина од 2 километри.

Епицентарот на земјотресот бил во Јадранското море, меѓу градовите Драч и Синѓин.

Поради земјотресот и ситуацијата во која се наоѓа земјата и премиерот на Албанија, Еди Рама го откажа патувањето за Њујорк во ООН и вчера се врати од Франкфурт поради создадената ситуација по силниот земјотрес што ја погоди вчера попладнето Албанија.

Според локалните медиуми, голем број на граѓани во Драч изјавиле дека ќе спијат под отворено небо, бидејќи се плашат од нов земјотрес. Локалните медиуми, исто така информираат дека во Драч и Тирана има оштетени куќи. А неколку домаѓинства останале и без електрична енергија.

Ова е најсилниот земјотрес во последните 30 години во Албанија, а се почувствува и во Македонија.


Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?