23 Април, 2024
0.0267

(ВИДЕО) ТРАУМА ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ: Вака продавачка нокаутира полицајка на пазар во Србија

Објавено во: Балкан 13 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Aлиса Меметовиќ, комунална полицајка , вчера е нокаутирана од страна на продавачка на пазар во Белград, пренесоа српските медиуми. 

Како што се наведува причината за нападот е тоа што полицајката се обидела да и ја одземе шверцуваната роба. По нападот, продавачката е приведена а Алиса префрлена во болница.

Бруталниот напад се случил половина час пред 12 напладне. Снимката која е објавена на социјалните мрежи докажува дека Алиса е претепана на пазар додека си ја вршела работата.

-Полицајката заедно со колегите беше во обиколка на пазарот на Видиковец. Продавачката пак имаше куфер полн работи кои планираше да ги продаде. На инцидентот му претходеше караница меѓу двете, бидејќи Алиса инсистираше да и ја земе нелегалната стока. Продавачката се обиде да избега, но Алиса и го зеде куферот од кој работите почнаа да паѓаат - рекле сведоци и додале: 

-Тие две почнаа да се туркаат. Во еден момент разлутената жена и удри тупаница на Алиса во глава . Полицајката падна на земја, а продавачката почна да трчи низ пазарот, но полицијата набрзо ја уапси.Алиса остана да лежи на земја, а шокираните луѓе кои се затекнаа на пазар се обидоа да и помогнат.


Траума за цел живот

Сопругот на Алиса, со синот дошол на местото на инцидентот.

-Ова е страшно што и се случи на мојата сопруга. Таа моментално се наоѓа на максиофацијалното одделение. Многу е вознемирена, често плаче и е под стрес, бидејќи не може да верува што и се случи. Ова е срамота - рекол сопругот на нападнатата полицајка.

-Доживеа траума за цел живот. Постапи согласно со работата која ја извршува, а претрпе насилство и никогаш не ги пречекорила овластувањата. Ова е предупредување вакво нешто никогаш да не се повтори и апелирам на сите да се запре тој пат. Жените треба да се заштитат од насилство, дополнил сопругот на полицајката.



 Foto: Screenshot/Kurir.rs

Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?