(ВИДЕО) ТРИ НЕДЕЛИ ПРЕЖИВЕАЛ ВО ДИВИНАТА НА АЛЈАСКА: Едвај го пронашле кога му изгорела куќичката
Објавено во: Свет 14 Јануари, 2020
Триесет годишен маж е спасен откако повеќе од три недели поминал во дивината на Алјаска со малку вода и храна, јави БиБиСи.
Тајсон Стил бил со добро здравје кога е најден во четвртокот 32 километри од местото Сквентна, соопштиле спасувачите.
Спасувачките служби го пронашле откако монтажната куќичка направена од даски и церада му изгорела.
Преживеал на ниски температури јадејќи конзервирана храна, па изработил шатор од остатоците на куќичката.
Во снегот напишал порака СОС
Властите го пронашле откако загрижени членови на семејството побарале да се провери што се случува со него. Во снегот на напишал пораката СОС со помош на остатоците од колибата.
Хеликоптерската екипа околу 11 часот го забележала знакот СОС а Стил излегол од импровизираниот заклон бидејќи го видел леталото и мавтал со раце.
Сквентна која има 35 жители, се наоѓа 113 км северозападно до Енкоринџ, најголемиот град на Алјаска.