(ВИДЕО) Тројца пријатели, три лекари тргнаа на одмор ама не стигнаа: Биле на кобниот лет на Етиопиан ерлајнс
Објавено во: Свет 12 Март, 2019
Во етиопскиот авион кој во неделата се урна после 6 минути од полетувањето биле и четворица патници од Австрија.
Меѓу загинатите 157 загинати во оваа авионска несреќа настрадаа тројца млади лекари и еден свештеник.
Тројцата пријатели Армин С (31), Волфганг Е (30) и Кристоф С (30) тргнале на одмор на островот Занзибар преку Најроби, меѓутоа тамо не успеаја да стигнат.
Кристофер требало наскоро да стане татко. Тој живеел со својата трудна девојка во Штајаер во Горна Австрија каде бил на специјализација. Во мај требало да го добие своето прво дете.
На кобниот лет бил и пасторот Норман Т (51) кој пред две децении дошол од Германија на служба во Корушка. Тој зад себе ги оставил сопругата и трите ќерки од 10, 14 и 16 години.
Лекарот Армин С работел во Линц во болницата на милосрдни сестри. Неговите колеги се во шок и уште не веруваат дека останале без млад и перспективен лекар. Пред болницата е истакнато црно знаме.
Третиот лекар Волфган Е родум од Корушкеали живеел во Виена и бил еден од најдобрите говорници на конгресот на 8 март во Копенхаген, и перспективен лекар.
Цела Австрија е во шок и тагува поради загубавата на четворицата граѓани кои беа во паднатиот авион.