25 Април, 2024
0.0264

(ВИДЕО) ТРОЈНО УБИСТВО ГО ТРЕСЕ СПЛИТ: Сведоци со драматични сведоштва за овој крвав чин

Објавено во: Балкан 12 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Тројца убиени, двајца уапсени. Ова е црниот биланс по убиството кое го потресе Сплит.

Медиумите од регионот јавија дека убиецот е уапсен а во крвавиот поход се убиени тројца мажи.

Сведоци видно потресени за медиумите со драматични сведоштва.

Најпрво мислев дека нешто ми паднало од полицата. Овој излив на оган траеше долго. Се свртев и закопав во место кога сфатив дека станува збор за пукање - сведок го раскажа искуството од пукање што се случи вчера во Сплит, каде загинаа тројца мажи.

Жената сведок на овој крвав чин рекла дека не знаела ни каде да оди и дали да излезе од задната или влезната врата или да остане таму каде што стоела.

Од блискиот ресторан исто така раскажале дека слушнале истрели.

-Се слушнаа рафали, но тоа не траеше долго. Брзо заврши, но беше страшно. Се преплашија гостите, се сокрија. Немаше странци, само наши луѓе. Полицијата дојде веднаш. Еве момче лежи мртво таму, уште не го поместија. Страшно нешто-рекле гости на ресторано за 24часа.хр.


Прво се слушнале истрели на Шперун , недалеку од црквата во центарот на градот. Некои од нив велат дека прво помислиле дека се работи за петарди, но звукот бил преостар. Луѓето од тоа место каде се наоѓаат многу ресторани и кафе барови почнале да бегаат. Сите врескале и настанала општа паоника. Ни пет минути после тоа, се слушнале нови пукања во Радмиловичевата улица. Таму исто така е убиен еден маж, кој како и првиот бил на мотор. Во него се пукани повеќе куршуми. Потоа маж со пушка во раце ладнокрвно прошетал во насока на Марјана, пишуваат медиумите од регионот.

За среќа во тој поход не настрадале уште луѓе. Брат и сестра тукушто седнале во автомобилот и се возеле по таа улица, налетале на местото на убиството а еден куршум им се забил во моторот.

-Уште се тресам, не можам да верувам што се случува, не го видовме добро, тукушто дојдовме кога беше се завршено. Колку што знам, беше само еден маж, иако се појавија информации дека се двајца-рекла девојката која го возела автомобилот во кој долетал куршумот/

Загинал и третиот маж кој повреден е префрлен во болница. Малку после 17 часот градоначалникот на Сплит потврдил дека убиецот е приведен.

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“