(ВИДЕО) ТУРИСТ СЕ УДАВИ: Другите едвај се спасија
Објавено во: Балкан 17 Август, 2018
Турист од Казахстан Т.С. (41) се удави вчера на почетокот на Големата плажа во Улцињ, а десетина други се извлечени на брегот по драматичното спасување.
Порталот „Ул-инфо“ известува дека во тоа време било истакнато црвено знаме поради силните струи и бранови, но туристите не обрнале внимание на предупредувањата на спасувачите, па запливале во морето.
Потоа следувале повици за помош. Капачите што се најдоа на Големата плажа направиле жив штит за да ги извлечат туристите од немирното море. Во операцијата за спасување биле вклучени полицајци, поморски и гранични единици, како и спасувачите што се вратија по истекот на работното време.Неколку несреќи имаше оваа сезона во Црна Гора.