(ВИДЕО) ТВРДЕШЕ И ДОКЖУВАШЕ ДЕКА ЗЕМЈАТА Е РАМНА - „лудиот Мајк“ загина во ракета што сам ја направил
Објавено во: Свет 23 Февруари, 2020
Загина лудиот Мајк. Рамноземјашот Мајк Хјуз е мртов, откако лансираше ракета што ја направил самиот.
„Нашите мисли и молитви се со семејството на Мајк Хјуз, како и со пријателите во ова тешко време за нив. Неговиот сон отсекогаш беше да го изведе ова лансирање, а Саенс ченел беше таму за да го сними патувањето“, се вели во изјавата на Саенс ченел.
Каналот Дискавери пишува дека Хјуз требало да лансира ракета од домашна изработка како дел од серијалот „Домашни астронаути“.
Целта, според Дискавери, била да се направи ракета што ќе отиде сто километри во висина, до самиот раб на вселената.
Хјуз, патем, е познат по тоа што веруваше дека Земјата е рамна плоча. Тој се надеваше дека, според Би-би-си, ќе ја докаже таа своја теорија со одењето во вселената.