29 Март, 2024
0.0587

(ВИДЕО) УАПСЕНИ МАЖ И ЖЕНА: Oсомничени се дека ги шверцувале 39-те луѓе кои во камион се најдени мртви

Објавено во: Свет 25 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Уапсени се жена и маж од Англија откако во камион беа најдени 39 мртви луѓе, за кои се испостави дека се кинески државјани. 

Уапсените се на возраст од 38 години, а уапсени се во Ворингтон на северозападот на Англија, под сомнеж дека учествувале во заговор за шверцување луѓе. 

25-годишниот возач на камионот, кој е од Северна Ирска, е во притвор и е осомничен за убиствата.

Возачот на камионот е уапсен дента кога беа откриени 39-те тела во камионот ладилник. Тој е сѐ уште во притвор, а полицијата доби дополнителни 24 часа за негово испрашување.

Во понеделникот почна обдукција на телата, а се работи и на нивна идентификација. 

Вчера и денес полицијата прави претреси на куќи во градот на камионџијата во Северна Ирска. Полицијата претходно денес соопшти и дека истражува три члена на банда вмешана во шверц на луѓе.

Дали двајцата уапсени се дел од таа банда сѐ уште не се знае, затоа што полицијата ги објави само нивните возраст и пол.

Бугарските медиуми, пак, јавија дека 38-годишната Џоана Махер од Ворингтон, е сопственичка на камионот „сканија“. 

Таа и нејзиниот сопруг Томас, биле сопственици на камионот, но рекле дека го продале на една компанија пред 13 месеци.

Меѓу  жртвите  имало 8 жени и 31 маж. Се работи за 38 возрасни лица и еден тинејџер.

Кина побара од Британија „строго да ги казни“ одговорните за смртта на тие луѓе.


Можеби ќе ве интересира

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест