(ВИДЕО) УКРАИНА: Oколу 5.000 домови се под вода, а тројца луѓе загинаа
Објавено во: Свет 24 Јуни, 2020
Најмалку три жртви и 5.000 куќи под вода има во поплавите кои ја зафатија Украина.
Има многу отсечени села во западните региони.
Околу 800 луѓе беа евакуирани откако во понеделникот почнаа да врнат обилни дождови
Околу 5.000 куќи и 187 села останале поплавени според извештаите на службата за итни случаи.
Четири хеликоптери, еден авион и 150 војници се испратени во поплавените места.
Во нашиот регион, поплави деновиве имаше во Србија и БиХ.