(ВИДЕО) Украина погоди два руски танкери во Црното Море, ова ја загрижи Турција
Објавено во: Свет 30 Ноември, 2025 12:56
Украински морнарички дронови нападнаа два руски танкери за нафта во Црното Море. Киев се обидува да изврши притисок врз Русија со напад врз празни бродови на пат кон товарење со нафта за странските пазари, пишува Би-Би-Си повикувајќи се на изјава од официјално лице.
Се работи за танкерите „Каирос“ и „Вират“ кои работат под санкции. Тие биле на пат кон голем руски терминал за нафта во морето. Украинските сили објавија снимка од нападите.
Турција е загрижена за нападот врз двата комерцијални брода.
„Длабоко сме загрижени за нападот во петокот, 28 ноември, врз двата танкера што пловеа под гамбиско знаме: „Каирос“ и „Вират“, во Црното Море. Овие инциденти во нашата ексклузивна економска зона создадоа сериозни безбедносни ризици и претставуваат сериозни ризици за безбедноста на пловидбата, животите, имотот и животната средина во нашиот регион“, напиша на Икс портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Ончу Кечели.
Кечели истакна дека Анкара одржува контакти со релевантните страни за да се спречи ширењето на конфликтот кон Црното Море и да се спречи негативно влијание врз економските интереси на Турција.
Русија и Украина скоро четири години се во војна.
фото принтскрин
Ukrainian forces released videos of the operation against the two oilers Kairo and Virat in the Black Sea which tried to reach the Russian coast.
— (((Tendar))) (@Tendar) November 29, 2025
The message is clear:
If you are a shipowner trying to get Russian oil, expect that you will lose your whole ship. pic.twitter.com/Zg91DqbKmZ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени
Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?
Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?
КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса
(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна
(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?
ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина
Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск




