(ВИДЕО) Унгарски полицаец пука додека мигранти се обидуваат да влезат во земјата
Објавено во: Свет 28 Јануари, 2020
Мигранти се обидуваат да влезат во Унгарија, а полицаец почнува да пука.
На интернет се појави вакво видео.
Околу 60 мигранти сакале да влезат во ЕУ на преминот во Унгарија околу 04.30 часот, по што полицаец почнал да пука. Ова се случило на српско-унгарскиот премин Хоргош-Реске 2. Четири лица се уапсени.
Никој не е повреден во инцидентот.
Унгарија е позната како земја која се противи на миграциската политика.
Во повеќе наврати истакнати политичари имаат изјавено дека не сакаат Унгарија да биде земја на мигранти. Тие дури инсистираа мигрантите да се вратат назад во земјите од Западен Балкан.