(ВИДЕО) УРАГАНОТ ФЛОРЕНС УБИ 13 ЛУЃЕ И ПОПЛАВИ ДВЕ ДРЖАВИ: Поплави им се закануваат на милиони
Објавено во: Свет 16 Септември, 2018
Најмалку 13 лица го изгубиле животот во налетот на бурата Флоренс, која во Северна и Јужна Каролина донесе непрестајни дождови, високо ниво и силни ветрови.
После налетот на ураганот во Северна Каролина и понатаму паѓаат обилни врнежи, изјави гувернерот на таа американска држава Рој Купер.
Освен тоа, експерти стравуваат дека најлошото допрва доаѓа. Имено, метеоролозите сметаат дека силните врнежи ќе се задржат најмалку уште 12 часа, што може да донесе катастрофални поплави.
Операцијата за спасување е во тек а безмалку 930 000 куќи и фирми досега останале без струја.