(ВИДЕО) ВАКВА ПОПЛАВА НЕМАЛО ЕДЕН ВЕК: Загинаа над 80 луѓе
Објавено во: Свет 16 Август, 2018
80 луѓе загинаа во поплави кои минатата недела ја погодија јужната индиска држава Керала.
Комесарот за помош во вонредни ситуации П.Х.Куријан вели дека најмногу луѓе, десетмина, загинале денеска во лизгање на земјиште.
Илјадници луѓе се „заробени“ во поплавите, а надлежните ги повикаа рибарите да помогнат во акцијата за спасување.
Ројтерс наведува дека ова се најстрашните поплави во скоро еден век и дека се уништени повеќе стотици куќи.
Се наведува и изјавата на надлежен од локалната служба за вонредни ситуации кој вели дека повеќе од 200 луѓе загинале од мај, кога почна сезоната на дождови.
Метеоролозите најавија дека следните четири дена ќе паѓа дожд.
Керала е познато летувалиште со прекрасни плажи и одморалишта. Сезоната на монсуни во овој дел од Индија трае од јуни до септември.