(ВИДЕО) Вакво нешто не сте виделе, возење велосипед по снег
Објавено во: Стил 03 Мај, 2018
Фабио Вибмер е велосипедска ѕвезда од Австрија, и во своето најново видео “Fabiolous Escape 2” на велосипед бега од ски полицијата. Неговите видеа имаат повеќе од милион прегледи на Јутјуб.
Вибмер се прослави со планинскиот велосипедизам по пат на своите фантастични Јутјуб видеа: Freeride Lives во Салзбург, Urban Freeride Lives во Виена и со видеото како вози по ограда на 200 метри висина во серијалот SickSeries.
Неговиот Јујтуб канал моментално има повеќе од милион следбеници и повеќе од 130 милиони прегледи.