Видео: Велосипедист со боречки вештини сопре крадец
Објавено во: Свет 12 Август, 2017
Од Ирска пристигнува неверојатна сторија за храбар велосипедист кој веднаш им се спротистави на дрски крадци кои се обидоа да му го украдат точакот. Тој не го врза велосипедот, но брзо реагираше и го собори на земја крадецот по што влезе во физичка пресметка со него и неговиот другар. Целиот инцидент е снимен од безбедносна камера.