25 Април, 2024
0.0280

(ВИДЕО) Венеција може да здивне, но не и другите региони во Италија

Објавено во: Свет 18 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Граѓаните на Венеција конечно можат да здивнат по големите поплави, но не и Италија. 

Во градот ќе се почувствува олеснување по двата дена поплави. Нивото на водата ќе се спушти и се очекува училиштата повторно да проработат. Ова го соопштија градските власти.

Но, италијанската цивилна заштита предупреди на понатамошни поплави во следните денови, особено во Тоскана и во регонот околу Болоња.

Околу 70 отсто од Венеција беше под вода вчера, кога нивото на водата се качи 150 сантиметри над нивото на морето.

Со четири плими над 140 сантиметри од понеделникот, изминатата недела беше најлоша од почетокот на мерењето на плимата во Венеција од 1872 година. Локалните власти бараат што поскоро да бидат изградени брани за заштита од поплавите.

Градоначалникот Луиџи Бруњаро изјави дека штетите од поплавите во градот изнесуваат околу една милијарда евра. За туристите, и поплавена, Венеција беше атракција. 

Плоштадот на свети Марко, најниската точка во градот, беше поплавен и затворен за туристите. За една недела имаше три поплави. Се верува дека поради климатските промени, многу земји во иднина ќе се соочат со поплави. 


Можеби ќе ве интересира

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму