(ВИДЕО) ВЕТЕРОТ КОРНЕШЕ ДРВА, ПОПЛАВЕНИ МОСТОВИ - силно невреме ја погоди Војводина
Објавено во: Балкан 25 Јуни, 2022
Силно невреме со врнежи, а во некои делови проследено и со град ја зафати Војводина.
Врнежи од дожд се забележани во Беочин, Нови Сад и Суботица.
Обилните врнежи проследени со ветар може да се видат на видеата од социјалните мрежи.
На едно видео се гледа мостот на Нови Сад, кој е речиси поплавен поради обилните врнежи, како и скршени дрвја поради силниот ветер.
Погледнете ја оваа објава на Инстаграм
Што се однесува до временската прогноза, за денеска се најавува промена на сонце и врнежи со грмежи. Попладне и навечер во Бачка, Срем и ридско-планинските предели на југозападна, јужна и југоисточна Србија можни се временски непогоди со град и невреме. На југот од земјата за кратко време може да наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен.