(ВИДЕО) ВИДИ ГО! ГО СНИМИВ, ГО СНИМИВ - исплива шокантна снимка од синоќешната тепачка на навивачите со полицијата во Хрватска
Објавено во: Балкан 22 Мај, 2022
Се појави видео од судирот на полицијата со сплитски навивачи на Хајдук. Видеото е објавено на фејсбук страната на „Дневникот на нервозен Хајдуковец од раѓање“.
На видеото се гледа како еден полицаец употребува сила кон еден од навивачите, кој не пружа отпор.
Се слуша глас, веројатно на оној што ја направил снимката „Види го, го снимив, го снимив“.
Жесток судир меѓу полицијата и приврзаниците на Хајдук од Сплит се случи доцна синоќа на автопатот А1 кај Загреб.
Навивачите на Хајдук на враќање кон Далмација го блокираа автопатот во близина на одморалиштето Дешинец.
Настанала жестока пресметка со придружните полицајци. Во конфликтот учествуваа стотици навивачи на сплитскиот клуб.
За да го одбијат нападот, припадниците на полицијата биле принудени да употребат огнено оружје! Во конфликтот повредени се двајца навивачи и 10-тина припадници на полицијата, сите надвор од животна опасност.