(ВИДЕО) Вилата на Тито имала тунел - ѕирнете како тоа изгледа
Објавено во: Балкан 09 Мај, 2018
Разурнатата Вила Извор или Објект 99, како што денес ја викаат мештаните и работниците на Националниот парк Плитвице, сместена е далеку од погледите, во скриениот дел од паркот, и е само урнатина на спомените на некогашниот сјај.
Малкумина знаеја за подземниот тунел долг 80 метри, кој служеше како таен излез. Раскошот и сјајот на минатите времиња денеска потполно исчезна. Напуштениот простор од шест илјади квадратни метри потсетува на некогашната зграда на Плитвице.
Вила Извор во минатото беше најскапата претседателска резиденција. По Втората светска војна ја градеа политички затвореници. Кодното име резиденцијата наводно го добила по 99-те затвореници што ги изградиле темелите. Во салите за состаноци се водеа тајни разговори, а потоа се опуштаа со виски и цигари. Вилата имаше и куглана, сала за билјард, дури и кино. Ако испиеја чашка повеќе или ако дојдеа да одморат на неколку дена, гостите отседнуваа во елитните апартмани.