(ВИДЕО) ВИСТИНСКА АТРАКЦИЈА: Ова е најдолгиот висечки мост во светот
Објавено во: Свет 14 Мај, 2022
Мостот „Скајбриџ 721“ на североистокот од Чешка им овозможува на планинарите кратенка низ облаците со феноменален поглед на врвовите на планината Кралички Снежник. Ова е најдолгиот висечки мост во светот.
Мостот се наоѓа на 721 метар меѓу два планински сртови, а се наоѓа во близина на одморалиштето Долни Морава и ја премостува долината на Млиничката долина на височина од 95 метри. „Скајбриџ 721“ е изграден во близина на видиковецот Скајволк, платформа висока 55 метри од која можете да се лизнете по тобоган од 100 метри. Изградбата на овој мост чинеше околу 26,5 милиони евра и траеше две години. Во светот има најмалку 10 мостови кои се специфични по својата локација и други карактеристики. Такви има во Малезија, Франција, Англија, Иран, Кина и други држави.