(ВИДЕО) Во Албанија има магацини со дрога, тврди германски новинар
Објавено во: Балкан 07 Јуни, 2019
Дека во соседна Албанија има магацини со дрога, тврди новинарот на германскиот весник „Билд“, Питер Тиеде.
Тој изјави дека во Круја, Албанија, има магацини кои се полни со дрога и тие се контролираат од градоначалникот и други искусни лица.
Новинарот Питер Тиеде, кој гостуваше на албанската ТВ „News 24”, на прашањето од каде го знае тоа, дека во Круја, Албанија има магацини кои се полни со дрога, рече дека дознал преку истражувања.